Како да ги избелите алиштата без додавање хемикалии? Поради една грешка,омилените парчиња облека можат засекогаш да бидат уништени

popara4 април, 20241min00
БЕЛЕЊЕ НА ОБЛЕКАТА НА ПРИРОДЕН НАЧИН

Ако и вие имате кошула која била бела,а сега е сива или жолта,овие трикови добро ќе ви дојдат.

 

 

Кога купувате облека,избирате одредена боја со причина.Белите парчиња облека се особено чувствителни и често ја менуваат својата боја со текот на времето.Кога купувате облека,избирате одредена боја со причина.Белите парчиња облека се особено чувствителни и често ја менуваат својата боја со текот на времето.

1. Ставете ја облеката на сонце

Белата облека најдобро ќе ја врати убавата бела боја ако ја исушите на сонце.Сончевите зраци ги неутрализираат сивите и жолтите тонови и ја враќаат белината на облеката.Белењето настанува поради силните сончеви ултравиолетови зраци кои ги раскинуваат хемиските врски во дамката,па дамката исчезнува.

2. Сода бикарбона

Сода бикарбона хемиски е многу слична на прашокот за перење,па може да се користи на сличен начин.Сода бикарбоната е природен начин за намалување на мирисот,па вашата облека не само што ќе биде посветла,туку и ќе мириса многу свежо.Тоа е и благ антисептик,така што вашата облека и машината за перење ќе бидат заштитени од бактерии.

3. Алкохолен оцет

За многу домаќинки,алкохолниот оцет е главен сојузник при чистење на домот,отстранување на бигорот,а сега ви донесуваме трик кој може да ви помогне да го вратите стариот сјај на пожолтените бели работи.

За да ја избелите белата облека,направете мешавина од 1/4 чаша сок од лимон со 1/2 чаша дестилиран бел оцет.Истурете го во машината за перење за време на циклусот на перење и гледајте ги вашите алишта како ќе станат блиставо бели.Оваа смеса е идеална алтернатива за белилото.

Честа грешка што ја прават луѓето кога белеат не само бели,туку и други обоени ткаенини е тоа што користат хемиски белило, што може да предизвика трајно оштетување на одредени материјали.

Исто така,предолгото задржување на белилото на ткаенини од секаков вид може да создаде дупки,кои засекогаш ќе ја уништат вашата омилена облека.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag