Пред да ги купите, отворете ја кутијата во која се наоѓаат и проверете дали јајцата се чисти и неоштетени.
Доколку се чисти и цели, задолжително чувајте ги во фрижидер, но не на вратата (каде температурата е повисока отколку на полиците), туку во оригиналното пакување.
На овој начин лушпата најдобро ќе се зачува, ќе го спречи сушењето и навлегувањето на мирисите карактеристични за фрижидерот.
Доколку јајцата стојат подолго во фрижидер, се препорачува да ги користите за колачи кои се печат на високи температури или тврдо да се сварат за појадок.
Здравствените експерти советуваат дека јајцата треба да се користат најдоцна три до пет недели по купувањето.
Доколку не се изедат веднаш по готвењето, фрлете ги најдоцна по три дена во фрижидер.