Овој период од годината не е секогаш среќен и весел за секого – многумина од нас имаат сложени чувства или нервоза пред семејните собири. Некои дури се плашат од времето што ќе го поминат со семејството и роднините, особено ако имаат комплицирани односи.
Сепак, големите семејни собири можат да бидат и време на љубов, поврзаност и можност за продлабочување на односите со членовите на семејството со кои се чувствуваме безбедно. Исто така, можеме да уживаме во значајни семејни моменти само ако сме подготвени да управуваме со стресни ситуации.
Корисно е ако оваа сезона ја гледаме како повик да се фокусираме на грижата за себе и да бидеме чувар на нашата емоционална благосостојба. Затоа е важно да се подготвиме за стресни семејни собири, а на нашите деца треба да им дадеме до знаење дека е здраво и важно да го прават истото. На крајот на краиштата, можеби ќе треба да се справат и со токсични членови на поширокото семејство.
Неопходно е да одвоите време однапред да се подготвите и да разговарате за тешки семејни собири, а еве што се предлага како стратегија:
– Дефинирајте фраза или рачен сигнал кога некој се чувствува преморен и има потреба од пауза.
– Ако ви треба малку време за себе – брза прошетка низ соседството или длабоко дишење во бањата се некои предлози
– Ограничете ги часовите за посета или поставете време за заминување.
– Дефинирајте ја тешката динамика, за секој да може да се подготви за неа. На пример, „дедо може да ве праша за вашите оценки, но запомнете дека вашата работа не е да бидете најдобри, туку да прераснете во добра личност“.
– Одлучете со кого можете да поминувате време и да разговарате за време на семејните собири, пишува Psychology Today.
На што да се обрне посебно внимание
Ако знаеме дека ќе видиме некој особено тежок член на семејството и се плашиме да не бидеме вовлечени во непријатни разговори со него, треба да планираме и за овие високоризични интеракции. Нашите најтешки врски може да ги обноват старите, негативни верувања за себе, да не наведат да ги повторуваме разговорите и да размислуваме за работи што мислиме дека сме ги кажале или направиле погрешно, или колку сме лоши.
Некои негативни верувања за себе се:
„Нешто не е во ред со мене“
„Никој не се грижи за мене“
„Се е моја вина“
„Не се вклопувам“
„Морам да бидам совршен/a“
„Не сум успешен/на“
Ако разговорот со одредени роднини секогаш нè прави да се чувствуваме лошо, треба да го пробаме овој совет – потсетете се на негативните верувања што овој член на семејството ни ги поттикнува уште пред да ги видиме. Едноставно, забележете го ова однапред, бидејќи на тој начин му помагаме на мозокот да има поголема емоционална дистанца и јасност кога сме со него.
Во некои ситуации, треба да одиме директно и да поставиме јасни граници, па затоа треба да одиме во оваа насока: „Тоа не беше убаво. Дали тоа беше твојата намера?“