Како да исечете кромид без да плачете?

popara27 април, 20241min00
Screenshot_4

Кога сечеме кромид, истиот испушта состојки кои ги надразнуваат очите и поради тоа плачеме, ни течат солзи.

 

 

 

Постојат две опции како да го спречите плачењето, може да го намалите испуштањето на хемикалии од кромидот или да ги заштитите очите. Или комбинација од двете опции.

 

За да ги заштитите очите може да ставите заштитни очила или дури и визир, ако сте меѓу оние кои купиле на почетокот на пандемијата за заштита од коронавирусот. Ако носите леќи, веќе сте во предност бидејќи служат како бариера меѓу хемикалиите и очите.

 

За да го намалите испуштањето хемикалии, за почеток користете остар нож, тапиот повеќе ја оштетува слузницата на кромидот, односно ја гмечи и поради тоа се ослободуваат повеќе соединенија од кои очите ни солзат.

 

Покрај тоа, може да го оладите кромидот. Излупете половина главица и ставете ја во фрижидер или половина час во студена вода. Тоа ќе го намали испуштањето на хемикалии.

 

Откако ќе го исечете кромидот, рацете треба добро да ги измиете. Пред да нанесете сапун, може да ги истриете рацете со половина лимон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag