Како да направите едноставен и многу ефикасен лек против комарци? Се што ви треба е восок и кафе.
Седите дома, уживате во кафето, но има еден проблем – како да се ослободите од комарците. За среќа, постои природно решение за кое многу луѓе не знаат, а е многу ефикасно против досадните крвопијци.
Едно видео се шири како шумски пожар на социјалните мрежи, со 16 милиони прегледи само на Фејсбук. Во тоа видео, едно момче покажува како од восок и кафе прави моќно решение за комарци.
За почеток, во тавче на тивок оган ставете три обични свеќички и стопете ги, а врвот ставете го настрана.
@sodicasereceita E só pingar vela no café! Depois que aprendi não gasto mais dinheiro!! #aromatizantes #cafe #cravodaindia #inseticida #repelente #insetos #vela #dica #receita #tiktokreceita #receitas #mosquito #receitasimples #receitafacil #dicadelimpeza #limpeza #dicas #dicadecasa #casalimpa #receitassimples #receitasfaceis
Истурете го восокот во стаклен сад или чаша, додадете каранфилче и лажица кафе или талог од кафе и добро измешајте.
Фитиљот на свеќата врзете го за стап и поставете го преку стаклото така што крајот ќе падне во чашата.
Кога оваа смеса ќе одмори и стврдне, извадете го стапчето и по потреба скратете го конецот. Еве ја совршената домашна свеќа која ги одвраќа комарците и во исто време убаво мириса.
Како што вели авторот на ова видео, откако го испробал овој трик, никогаш не морал да купува средства за заштита од комарци и никогаш немал проблем со нив.