Добриот човек може да го препознаете по една работа на лицето која покажува што се крие во неговата душа.
Секој човек има различни доблести и маани, како и различни перцепции за некој дали е добар или лош човек. Но, секако ќе се сложите дека луѓето кои имаат развиена емпатија остануваат покрај нас дури и во моменти кога ни е најтешко во животот, ни даваат поддршка и отворено покажуваат љубов и прават добри дела.
Од многу предуслови зависи дали некоја личност ќе се покаже како добра или лоша, околностите и идеите се менуваат. Но, постојат некои особини кои тешко се менуваат и откриваат што е во нашата душа. Постои нешто што не може да се одглуми, колку и да се труди некој.
Цитат од романот „Момче“ на познатиот руски писател Фјодор Достоевски говори за тоа каков е навистина еден човек и по што ќе препознаете дали е добар.
„Ако сакате да ја препознаете душата на еден човек, тогаш не го анализирајте како молчи, ниту како зборува, ниту како плаче, ниту кога е загрижен за најблагородните идеи. Набљудувајте го додека се смее. Искрената и пријатна насмевка навистина може да укаже дека разговарате со добар човек. Јас затоа знам дека смеењето е најсигурниот тест за една душа. Погледнете ги децата: единствено тие умеат добро да се смеат до совршенство и поради тоа се задоволни и привлечни“, напишал Достоевски.
Оваа дефиниција може да изгледа чудно за некого, но смеењето е човечка особина која не може да се одглуми, тоа е дел од нашата душа. Не може да го промените смеењето ако се смеете природно и слободно.
Но, ако на пример, некој лажно се насмее, ние веднаш го разбираме тоа и таквите луѓе ни стануваат одбивни. Исто ако и строгите и крути лица. Од друга страна, луѓето со убава, звучна или заразна смеа едноставно не освојуваат. Со нив ќе се смеете и во срцето ќе почувствувате како ви се разлева топлина.
Како што вели Достоевски, за насмевка е потребна искреност, а зар денес има искреност кај луѓето? За смеата е потребна незлобност, а луѓето најчесто се смеат пакосно. Искрената и незлобна смеа значи веселост, а зар има кај луѓето во денешно време веселост и умеат ли да бидат весели?