Како да се заштитите од вируси и настинки? Намалете го слаткото, спијте…

popara20 септември, 20241min00
Screenshot_9

Сигурно имате забележано дека сезоната на настинки веќе е присутна, но тоа што треба да знаете е дека настинките не се предизвикани од студеното време туку од тоа што луѓето поголем дел од времето го минуваат во затворени простори. Токму поради големата близина на телата, бактериите побрзо се пренесуваат.

 

 

 

 

Тоа е причината што дечињата кои посетуваат градинки или училишта се подложни на сезонските настинки.

 

Но, постојат неколку работи кои можете да ги направите со цел да се заштитите од сезонските настинки.

 

Редовно миете ги рацете

 

Звучи како клише, но ќе ве изненади фактот колку луѓе немаат навика да ги мијат своите раце, па дури ни по употреба на тоалет. Со почестото миење ги редуцирате можностите за контакт со бактериите. Исто така, вирусот на сезонскиот грип најчесто се пренесува со директен контакт, а од организмот се излачува преку носот, устата и очите, затоа избегнувајте го допирањето по лицето, посебно со нечисти раце.

 

Употребувајте хартиени марамчиња

 

Не заборавајте дека бактериите се размножуваат по вашите раце, така што кивањето или искашлувањето можат да резултираат со пренесување на тие бактерии на некоја друга личност. Затоа е подобро марамчето во кое кивате или кашлате, по употребата да го фрлите.

 

Јадете богата храна со витамини

 

Доколку исхраната ви се состои од масти, шеќери, брза храна и кофеин, а по пат го прескокнувате и појадокот, тогаш спаѓате во категорија која е повеќе подложна на заболувања од оние кои внимаваат на својата исхрана. Пред да посегнете како помош по пилулите, имајте на ум дека здравата храна може многу повеќе да направи за вашето тело од вештачките витамини.

 

Погрижете се исхраната да биде богата со овошје и зеленчук во разни бои, бидејќи тоа ќе го подобри вашиот имунолошки систем.

 

Јогурт

 

Јогуртот содржи бактерии кои го поттикнуваат имунолошкиот состав да се бори против болестите.

 

Витамин Ц

 

Го има во овошјето и зеленчукот, а за повеќето луѓе консумирањето на еден портокал дневно е доволно корисно за организмот.

 

Пијте многу течности

 

За да функционира вашето тело нормално и за да може редовно да ги исфрла токсините, потребни му се течностите. Особено е важно консумирањето на супите од зеленчук и чаевите.

 

Редовно вежбање

 

Докажано е дека луѓето кои редовно вежбаат, се помалку подложни на настинки, а пак во случај на настинка побрзо се оправуваат од болеста. Вежбањето го зајакнува имунолошкиот систем, затоа побрзо и подобро се бори со болестите, а исто така вежбањето го редуцира нивото на стрес.

 

Намалете го пушењето

 

Факт е дека пушачите почесто заболуваат и имаат посериозни настинки од непушачите, а тоа е поради фактот што бактериите полесно влегуваат во телото.

 

Дури и ако не сте пушач, седењето во задимени простории може штетно да влијае на имунолошкиот систем.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag