Како да се ослободите од мирисот на готвење во мали простории?

popara18 јануари, 20244min00
Како да се ослободите од мирисот на готвење во мали простории

Знаеме дека ова е една од причините зошто се избегнува готвењето.

Нема ништо полошо од долготрајниот мирис на лук, мирисот на пржена храна, свежа риба или морска храна што се шири низ куќата. Додека сте во кујната и подготвувате храна, сè мириса убаво, но штом отидете во друга соба во куќата, ќе забележите дека таму веќе има поинаква ситуација.

Многумина се соочиле со овој проблем, особено оние кои живеат во мали станови. Па, како да се ослободите од мирисот?

Ако ви доаѓаат гости или едноставно сакате да се ослободите од мирисите на готвење во куќата, канадскиот експерт за чистење Мери Футер го има решението.

– Сакате да започнете со зовривање на чаша вода на шпоретот. Потоа земете лимон или портокал, исечете ги на четвртинки, чувајте ја кората и ставете ја во врела вода.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madame Sweat (@madamesweat)

Ако немате циттрусно овошје при рака, наместо тоа можете да користите бел оцет.

„Само додадете половина чаша бел оцет во шолја врела вода и ќе го отстрани мирисот“, рекла Мери.

Оцетот нема да го остави истиот мирис како овошјето, но ќе ја ослободи куќата од мирисите на готвење.

Нејзиното видео е прегледано повеќе од два милиони пати, а стотици го коментираа нејзиниот одличен совет. Многумина споделија и други состојки што ги користат за отстранување на мирисите од готвењето – како каранфилче.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag