Во летниот период не е невообичаено да се појават мравки во кујната и други простории во домот, па во тој случај обидете се да не користите отрови за да се ослободите од нив.
Најдобро е да пробате да ги отстраните по природен пат, а еден од нив е неколку дена по ред да го прскате местото на кое сте ги забележале овие непосакувани гости со течност која ќе ја направите од вода и алкохолен оцет, или пак вода и сок од лимон.
Исто така парчиња од кора од лимон ставете на местата каде сте забележале мравки.
Мравките не го поднесуваат ниту мирисот на цимет, нане и бибер.
Ако живеете во куќа, можете да пробате со сулфур во прав.
На мета на мравките неретко се брашното, шеќерот и пиперките, па овие намирници чувајте ги добро спакувани, а во шкафовите во кујната ставете кесички или торбички со жалфија или пак цимет.