Како да станете успешни: Утрински рутини кои гарантираат успех

popara25 октомври, 20241min00
Screenshot_1

Многумина од нас го започнуваат денот со алармот, голема шолја кафе и брза проверка на социјалните мрежи или електронската пошта. Меѓутоа, доколку ги анализираме утринските навики на успешните луѓе, ќе сфатиме дека тие не го прават тоа.

 

 

 

Како што изјавила Аријана Хафингтон: „Голем дел од мојот утрински ритуал е за она што не го правам: кога се будам, не го започнувам денот со гледање во телефонот. Наместо тоа, кога ќе се разбудам, одвојувам време да дишам длабоко, да бидам благодарна и да си ги поставам целите за тој ден“. Следните утрински навики на успешните луѓе ќе ви помогнат да го започнете денот подобро.

 

Ослободете се од алармот

 

Извршниот директор на „Амазон“, Џеф Безос, спие 8 часа секој ден. Тој е и голем поборник на природното будење без аларм. Опра, исто така, се буди без аларм. Таа открила дека се буди со замислување на времето кога треба да стане. Аријана Хафингтон се буди на сличен начин. Таа легнува рано и се буди наутро без аларм. Според овие успешни луѓе, алармот е премногу стресен за започнување на денот.

 

Не посегнувајте веднаш по кафето

 

Посегнувањето по кафето наутро звучи логично, но експертите за здравје велат дека подобро е да се започне денот со вода. По толку часа без хидратација, водата е најдобар начин за започнување на денот. Актерката Камерон Дијаз смета дека е многу важно да се започне денот со многу енергија. За неа, тоа значи пиење еден литар вода наутро.

 

Движете се

 

Утринското вежбање е навика на многу успешни лидери. Актерката Гвинет Палтроу вели дека вежба секој ден наутро. Бил Гејтс, исто така, вежба наутро, како и Ники Леондакис, извршен директор на брендот „Еквинокс“.

 

Завршете нешто претходно

 

Понекогаш најдобар начин да се има продуктивно утро е да се започне со подготовки претходната вечер. Многу успешни луѓе ги поминуваат вечерите подготвувајќи се за следниот работен ден бидејќи на тој начин утрото им е послободно. Некои претприемачи прават листи со обврски за следниот ден и така го елиминираат стресот наутро.

 

Поставете си го ова прашање

 

Честопати поминуваме низ животот „на автопилот“ и предоцна разбираме дека сме заборавиле на вредностите и целите. Стив Џобс го одбегнал ова сценарио поставувајќи си едно прашање во огледало секое утро: „Доколку денес е последниот ден од мојот живот, дали сакам да го правам тоа што планирам да го правам?“ Доколку одговорот е не повеќе дена по ред, треба да смените нешто.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag