Како да ја вратите страста во вашата „досадна“ врска? Еве неколку корисни совети

popara13 април, 20241min00
Screenshot_9

Во првите месеци од врската обично сè е мед и млеко. Разговарате со партнерот, излегувате и не можете да се разделите еден од друг.  Во долгогодишните врски страста лесно згаснува, а тоа се случува затоа што врската ја зематe здраво за готово.

 

 

 

 

Во секоја врска љубовта е најважна, но и страста исто така игра важна улога во одржување на истата. Има неколку начини како повторно да ја разгорите страста.

 

Напишете љубовно писмо

 

Можеби звучи клише, но не секој од нас знае како вербално да ги искаже своите чувства. Понекогаш се плашите како ќе реагира вашиот партнер. Доколку ви е полесно, напишете писмо. Не само што ќе му кажете на партнерот како се чувствувате туку и овој гест е многу романтичен.

 

Заминете некаде во природа

 

Заминете надвор од градот, за кратко заборавете на сите обврски. Исклучете ги мобилните телефони, лаптопот за работа оставете го дома. Времето поминато во природа ќе ви помогне да се опуштите и да се потсетите на убавите времиња на почетокот на врската.

 

Пробајте го хобито на партнерот/партнерката

 

Доколку досега не сте гледале фудбал со вашиот партнер, еве еден интересен предлог за да уживате заедно. Заедничкото навивање води до телесен контакт. Може заедно да отидете и на час по јога. Вложете труд за да откриете што вашиот партнер сака и зошто.

 

Романтична вечера

 

Заборавете ја пицеријата или кафулето во кое излегувате често – за промена заминете во некој нов ресторан надвор од градот. Истражувањето на нови места е секогаш добра идеја и ја враќа романтиката во долгата врска.

 

Исклучете го телевизорот и пуштете музика

 

Слушањето на квалитетна музика го ослободува хормонот на среќа и води кон други убави работи како што се на пример танцувањето, разговорот и забава во спалната соба.

 

Разговарајте за иднината

 

Секојдневните разговори за ручек, шопинг, расправии за пари се здодевни. Разговарајте за вашите сонови, желби, планови. Ќе размените многу креативни идеи и ќе се забавувате.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag