Како да ја зачувате убавината и здравјето на кожата во текот на летото: Совети за едноставна рутина за убавина

popara20 јуни, 20241min00
Screenshot_3

Жешкото време, влажноста и дополнителното изложување на сонце во летниот период може да резултираат со затнати пори, изгореници од сонце и темни дамки. Но постојат неколку измени што можете да ги направите во вашата секојдневна рутина за нега на кожа за да ги минимизирате сезонските несакани ефекти што летото може да ги има на вашата кожа.

 

 

 

Ова се најчестите дерматолошки совети за нега на кожа во лето.

 

  1. Користете крема со заштитен фактор 50

 

Во идеални услови би било најдоро доколку можете да избегнувате да сте директно изложени на сонце во периодот од 10 до 16 часот кога УВ зраците се најсилни. Но земајќи предвид дека за многумина не станува збор за избор, следниот најдобар чекор е инвестирање во добра крема со заштитен фактор 50.

 

Дерматолозите препорачуваат да се нанесува крема за сончање преку целата година, без разлика на тоа дали надвор е сончево и жешко или студено и облачно, а во летниот период е особено важно да се нанесува крема со фактор 50 на местата што се најмногу изложени на сонце, како лицето, вратот, градите, ушите и рацете, и тоа неколку пати на ден. Дополнително, можете да користите Витамин Ц серум кој ја зголемива апсорпцијата на заштитната крема.

 

  1. Одлучете се лесена за хидратантна крема

 

Сезонската сувост не е вообичаена во лето, па затоа и не ви треба богата крема како што користите во зима. Во топлите летни денови избегнувајте креми што содржат вазелин или густи навлажнувачи и одлучете се ласни хидратантни креми базирани на хијалуронска киселина која помага во апсорпцијата на водата и воопшто не е леплива.

 

  1. Погрижете се вашите производи да не се комедогени

 

Таложењето на пот и маснотии во порите во текот на летниот период доведува до избивање на акни, па затоа е потребно да се внимава на производите кои се користат. Производите кои се означени како некомедогени не предизвикуваат или придонесуваат за појава на акни

 

За мрсна кожа склона на акни се препорачува користење на состојки како салицилна киселина, бензоил пероксид, сулфур или ниацинамид поради нивните антиинфламаторни дејства. Сепак, доколку сте бремени или доите, консултирајте се со вашиот доктор, бидејќи некои од нив не се соодветни за употреба во тие ситуации.

 

  1. Мијте го лицето правилно

 

Кога се потите во текот на денот, потта и бактериите се лепат на целата површина на вашата кожа, па затоа е важно да го измиете лицето до линијата на косата. Честопати луѓето го забораваат тој предел, но акните можат да нападнат и таму.

 

Но, водата не е доволна, па затоа во рутината внесете и средства за измивање кои ќе ги одржуваат pH вредноста на вашата кожа нормална и вашите пори чисти, а наедно нема да го пресушат вашето лице. За таа цел одлучете се за продукти базирани на бензоил пероксид, салицилна киселина и гликолна киселина. Избегнувајте ги оние што се пенат, наместо тоа, одберете лесен производ на со гелна формула. И најважно од сè, избегнувајте производи кои содржат алкохол кој има тенденција да ја дехидрира кожата, а дехидрираната кожа продуцира повеќе масти.

 

  1. Користете ретиноид во умерени количини

 

Доколку сте почетници во користењето ретиноли и ретиноиди, најверојатно ќе забележите дека жешкото сонце ви предизвикува повеќе иритација од вообичаено. Поради оваа причина, дерматолозите препорачуваат да се намали фрекфенцијата на користење на ретиноиди или пак да се одлучат за поагресивно аплицирање на креми за сончање.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma