Како да ја одржувате хигиената кога се потите премногу? Со овие совети ќе уживате во омилениот летен период

popara28 јуни, 20241min00
91374_vrucina-leto-znojenje-shutterstock-2161778043_f

Потењето е природна човечка реакција на високите температури бидејќи телото на овој начин се лади и се обидува да ја намали телесната температура. Иако е регулација на топлината, потта ни пречи и не се чувствуваме удобно.

Во лето важно е хигиената да се прилагоди на зголеменото потење, а ова се некои од советите како да ја одржувате.

1. Редовно туширајте се

Туширањето ги отстранува мртвите клетки од кожата, нечистотијата и потта. Попатно се ладите и автоматски поти малку помалку. Добро е да се туширате наутро ако сте се испотиле преку ноќ и навечер пред спиење.

2. Пијте доволно течности

Треба да ја замените водата што ја губите со потење. Честата хидратација помага при потење бидејќи го лади телото и на тој начин го намалува потењето.

3. Редовно вежбајте

И покрај верувањето дека тренингот го поттикнува потењето, тој всушност помага во регулирањето на потењето и ја намалува појавата на непријатни мириси. Истуширајте се после тренинг со млака вода и ќе се чувствувате многу подобро.

4. Носете лесна облека

Во лето не е добро да се биде постојано во тесна облека. Вашата кожа не може да дише, а потта се впива во материјалот, па затоа сте влажни во текот на денот. Во широката облека, воздухот поминува до кожата и ве лади. Носете полесна облека што не ги привлекува сончевите зраци.

5. Користете спреј за лице и тело

Нанесувањето млака вода или хидратантна крема ја хидрира и храни вашата кожа, помага при обилно потење, но помага и при акни и мозолчиња предизвикани од пот и нечистотија.

6. Не јадете зачинета храна и не пијте премногу кафе

Лутината ќе предизвика загревање на телото, а кофеинот исто така не се препорачува бидејќи ги стимулира надбубрежните жлезди, предизвикувајќи потење на стапалата, дланките и пазувите. Помалите, почести оброци можат да ве разладат, бидејќи телото генерира топлина за разградување на храната.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag