Знаете дека нема ништо подобро од тоа кога ќе влезете во вашиот дом и ќе го почувствувате убавиот мирис на свежина. Пријатно е кога вашиот дом зрачи со пријатна арома што го одржува воздухот во вашиот дом свеж.
Наместо да плаќате пари за освежувачи на воздух купени во продавница, зошто да не се обидете да направите сами?
Верувајте, не ви требаат посебни вештини, а со малку труд ќе уживате во прекрасен мирис во куќата.
Што ви треба?
Потребна ви е кора од портокал и сол. Дополнително, по ваш вкус можете да додадете некои билки.
Поентата овде не е само да се создаде убав мирис, туку освежувачот подготвен на овој начин може да ги неутрализира мирисите како готвена храна или пржена риба.
Портокалот треба да го преполовите и да ја отстраните средината. Можете да го направите ова со лажица. Потоа додадете неколку лажички сол во кората или наполнете го до половина со сол.
А потоа, како што рековме, можете да ги додадете билките и да го оставите на топло место или во близина.