Прво, пред да започнете со месење на тестото, извадете ги путерот и јајцата од фрижидер и оставете ги малку на собна температура. Ова е важен чекор бидејќи состојките на собна температура полесно се мешаат и придонесуваат за подобра текстура на тестото.
Исто така, обрнете внимание на количината на прашок за пециво или квасец. Премногу од овие состојки може да предизвикаат премногу нараснување на тестото, што може да доведе до пукање. Умерена количина е клучот за совршен резултат.
Задолжително загрејте ја рерната пред да го ставите тестото во неа. Тестата што содржат прашок за пециво или квасец веднаш реагираат на топлина и почнуваат да нараснуваат. Идеално е да почекате 10-15 минути од моментот кога рерната ќе ја достигне саканата температура, а потоа да го ставите тестото да се пече.
Совети вредни злато:
Во секое тесто ставете по една лажичка јаболков оцет! Едноставен трик кој не само што го подобрува растот на тестото, туку и му дава специфичен, одличен „шмек“ што го прави уште повкусно.
Со примена на овие совети повеќе нема да се грижите дека тестото ќе ви падне или дека нема убаво да нарасне.