Малите нешта се важни кога сакаме важен момент да изгледа апсолутно беспрекорно. Кога жените се подготвуваат за свадба или друг настан, тие обично се грижат за својата коса, шминка и облека, додека ставаат накит во втор план.
Сепак, накитот често знае да го разубави и нагласи и најобичниот аутфит, а треба да се внимава не само на изборот на вистинските парчиња, туку и на неговиот изглед кога ќе го ставиме на телото.
Во оваа прилика донесуваме совети како да го држите ланецот секогаш на истото место додека се забавувате и позирате пред камерите.
Едноставното решение го сподели шминкерката Џенин на нејзиниот канал TikTok „j9homiemakeup“ и воодушеви многу гледачи.
Можете да го видите методот подолу:
@j9homiemakeup It’s such a simple trick but works so well! I do this for my brides, bridesmaids, models or clients for photoshoots & for special events. #bridalhack #torontomakeupartist #torontoweddingmakeup #eyelashgluetrick ♬ Espresso – On Vacation Version – Sabrina Carpenter
Ланецот може да се фиксира со лепак за вештачки трепки. Ставете една или две капки лепак на вратот, ставете го синџирот на лепилото, притиснете го со прстот додека не се исуши и толку. Синџирот сега ќе остане на своето место.
Овој трик е одличен за свадби, професионални фотосесии и други специјални настани.