Како оризот да не ви се лепи: Зрната нема да бидат премногу меки ако додадете една состојка

popara4 декември, 20241min00
107848_pirinac-shutterstock-1140197756_f

За успешно да подготвите јадење, треба да знаете одредени кулинарски трикови кои помагаат јадењето да успее и да биде повкусно. За оризот да биде совршен и да не е леплив и тврд или тегав, применете го трикот на искусните домаќинки.

Додадете сок од лимон

Еден начин да го направите варениот ориз совршен е да додадете малку сок од лимон во водата за готвење, непосредно пред да почне да врие. Сокот од лимон го спречува згрутчувањето на оризот и го прави воздушест.

Маслото исто така помага

Ако немате при рака лимони, друга опција е да додадете неколку капки масло во водата пред да почне да врие. Ова ќе помогне да се одвојат зрната. Исто така, многу луѓе се прашуваат дали е потребно да се измие оризот пред да се готви за да не се залепи. Имено, експертите препорачуваат миење на оризот од хигиенски причини – за отстранување на прашина, инсекти или остатоци од лушпа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag