Бесконтактното плаќање е еден од најчестите начини на плаќање во 21 век. Многумина претпочитаат да користат картички наместо готовина, но се чини дека некои сè уште не знаат како правилно да ги користат картичките.
И затоа еден трговец предупреди за најчестата грешка при плаќање со картичка.
Дали ја допирате картичката на машината и ја тргате веднаш или сте трпеливи? Еден човек сподели видео на својот профил на TikTok во кое детално ја објаснува постапката. Видеото набрзо стана вирално, а тој јасно покажа колку е фрустриран што клиентите не знаат како да ја употребуваат платежната картичка, пишува City Magazine.
Како безбедно да платите со картичка?
„Искрено, јас го презирам бесконтактното плаќање и ова го кажувам во име на сите работници. Почекајте неколку секунди откако ќе го допрете уредот за плаќање пред да ја отстраните картичката. Кога ќе допрете, треба да чекате звучен сигнал, едноставно, треба да почекате неколку секунди наместо веднаш да ја тргнете картичката. Дали навистина мислите дека картичката се поврзува за само тие неколку секунди?“
„Кога ќе ви биде побарано да ја доближите вашата картичка или мобилниот уред неколку сантиметри поблиску до бесконтактниот симбол на терминалот за плаќање, во зависност од терминалот, можете да го допрете, поставите над или под уредот. Вашата уплата ќе се обработи безбедно за неколку секунди. Кога ќе се потврди вашата уплата, отстранете ја“, заклучи тој.