Како што пристигна убавото време, едвај чекаме да облечеме што помалку облека, па нашата кожа повеќе се истакнува.
Во овој поглед, кожата на нашите пазуви е исто така „отворена“, па затоа мора да се грижиме за неа.
Ако имате темна кожа или мислите дека имате темни дамки, не плашете се бидејќи тоа не е ниту болест ниту посебна медицинска состојба. Колку и да се бричите, користите дезодоранси или разни креми, поради слабиот „проток“ на воздух во тој предел се собираат мртви клетки, што доведува до потемнување на кожата.
Преку следните два примери, можете да ја обновите кожата под пазувите.
Лимон
Нема подобар начин за избелување на кожата од лимонот. Тоа е една од природните состојки кои ќе ви помогнат да ја осветлите вашата кожа.
Пред да се истуширате, исечете еден лимон на половина, а потоа првата половина истријте ја под едната, а втората половина под другата пазува. Оставете го сокот од лимон да делува околу пет минути, а потоа исплакнете. Повторувајте ја постапката секој ден две недели за да ги видите резултатите.
Компир
Овој зеленчук содржи јаболкова киселина, која е одлична како средство за избелување на кожата. Содржи и скроб кој има својства кои помагаат во омекнување на кожата.
Треба да ги излупите компирите и да ги исечете на тенки парчиња. Втријте парче на двете пазуви и оставете да делува до 25 минути, додека не се исуши.