Често се вели дека повторното разгледување на минатото е немудро, но се чини дека Бритни Спирс го отфрлила тој совет, решавајќи да сподели фотографија од пред околу 25 години.
На прв поглед изгледаше безопасно, но дали е навистина така…
Фотографијата на поп-ѕвездата Бритни Спирс и Бен Афлек можеби немаше ништо да значеше доколку во описот не напишеше дека се бакнувала со актерот кој тогаш беше во врска со колешката Џенифер Лопез.
Она што го напиша Бритни предизвика бројни контроверзии во јавноста, па сега сите се прашуваат како оваа вест ќе влијае на врската меѓу Афлек и неговата сопруга Џенифер Лопез.
Иако парот издржа многубројни бури, прашање е колку Џеј Ло е подготвена да се справи со контроверзиите за кои често се пишува во сите странски медиуми.
Сепак, изгледа Бритни брзо се предомислила или тоа било само тактика да го привлече вниманието на медиумите.
Спирс веднаш ја избриша сликата, сфаќајќи дека може да предизвика сериозна штета на овој сега многу среќен пар. Сепак, штетата е веќе направена, а се чини дека тензијата помеѓу Бен и Џеј Ло веќе се чувствува во воздухот.
Меѓутоа, бидејќи тоа се случи пред повеќе од две децении, парот изгледа одлучил да не обрнува внимание на пишувањето на пејачката, за која многумина веруваат дека повеќе не е во јавноста поради нејзината музика, туку глупавите работи кои често ги прави и на тој начин го привлекува вниманието на медиумите.
Третата личност на фотографијата, Дијана Ворен, блиска пријателка и американска композиторка, останува периферна фигура во оваа приказна.
Во медиумите се шпекулираше дека Бритни и Бен се скарале, но освен тоа што неговото име е напишано на нејзината рака во спотот, не се појавија никакви конкретни докази дека тие биле во врска, па сето тоа беше само шпекулација.
Афлек беше во врска со многу познати дами како Гвинет Палтроу, Џенифер Лопез (сопруга од 2022 година), Џенифер Гарнер, Линдзи Шокус, Шауна Секстон и Ана де Армас, но меѓу тие имиња нема навестување за Бритни Спирс.