Кралицата Камила сподели информација за здравјето на кралот Чарлс за време на неодамнешното појавување во јавноста.
Камила откри дека кралот се опоравува и додаде:
– Па, добро се однесуваше – рекла кралицата мислејќи на тоа дека Чарлс ги следел сите совети на лекарот за побрзо закрепнување, пишува британски Хелоу.
Коментарите на Камила дојдоа додека таа разговараше со гостите на забава во градината, при што Чарлс ги обнови јавните должности претходно овој месец, откако постигна напредок во лекувањето на ракот.
Да потсетиме, Чарлс на почетокот на неделата го откри првиот официјален портрет по неговото крунисување, а впечатливата црвена слика на Џонатан Је наиде на различни реакции. На платното е прикажан кралот во униформа на велшката гарда, со пеперутка која лебди над неговото рамо.
– Црвената боја е инспирирана од велшките гардисти, но сакав сликата да биде малку современа.
View this post on Instagram