Откако сопругот на кралицата Чарлс ја доби титулата крал и бројни други привилегии, Камила Паркер Боулс не се двоуми да ги искористи сите поволности кои и стојат на располагање, буквално секогаш кога ќе добие шанса. Некои од овие потези многумина ги толкуваат како начин да им се даде до знаење на сите дека е над Кејт Мидлтон и другите членови на кралското семејство. Како што пишуваат британските медиуми, сопругата на кралицата ја шокирала Бакингемската палата со едно од нејзините многу чудни барања.
Извор од палатата откри за Дејли експрес дека Камила им забранила на Кејт и Војвотката Софи да носат сино на кралските должности. – Кралицата сега може да ја избира својата облека пред сите други жени во кралското семејство. Тоа е дел од кралскиот ред, а се подразбира дека Камила е првата што ја избира облеката, но и нејзината боја. Нејзината омилена боја е сината, а таа боја најмногу и се допаѓа на Кејт. И Софи често ја бира неа – рекол извор близок до палатата.
Имено, Камила неодамна во неколку наврати носеше различни нијанси на сино. Така таа боја беше нејзиниот избор за Royal Ascot, но и за дочекот во Кларенс Хаус. Кејт, пак, за време на последното појавување во јавноста носеше сина боја пред да објави дека боледува од рак. Имено, во ноември 2023 година, принцезата и остатокот од кралското семејство присуствуваа на божиќната миса во Сандрингем. Инаку, принцезата од Велс често носи сина боја, а некои од нејзините најнезаборавни изданија беа во таа сина боја.