Колку време помина откако супермоделите од деведесеттите одеа на истата модна писта? Викторија Сикрет создаде еден вид модна временска машина бидејќи ги собра Карла Бруни, Ева Херцигова и Кејт Мос на едно место.
50+ моделите на ревијата на Victoria’s Secret во Њујорк ја воодушевија публиката. Кејт Мос (50) на пистата излезе во смела чипкана ноќница со препознатливи „ангелски“ крилја изработени од црни пердуви.
Спектакуларната Ева Херцигова (51) прошета во слична облека, носејќи црна проѕирна тоалета на едното рамо преку црната секси долна облека.
Карла Бруни се пошегува за својот прв и веројатно последен ангажман на ревијата на Викторија Сикрет на 56-годишна возраст.
„На мои години?! Тоа е многу возбудливо и многу е поразително, навистина. Зашто, знаете, никој не се навикнува да биде на пистата без разлика колку долго го прави тоа“.
Италијанско-француската убавица почна да се занимава со манекенство во 1987 година, кога имаше само 19 години, а со години работеше со врвни модни куќи како Шанел, Версаче, Диор, Живанши и Сен Лоран. Сепак, вели таа, имало нешто посебно во добивањето на повикот од Викторија Сикрет.
„Забавно е да се стане ангел. Ќе имам крилја. Единствено жалам што мојот сопруг не е тука. Би доживеал срцев удар“, изјави Карла пред модната ревија, мислејќи на поранешниот француски претседател Никола Саркози.
Шоуто на Викторија се емитуваше директно на Amazon Prime Video, кое можеа да го гледаат сите претплатници на стриминг платформата, а култното шоу се одржа во Њујорк по шестгодишна пауза.