Поранешната прва дама на Франција стана ангел на “Victoria’s Secret’ и на 56 години ја „освои“ модната писта. Таа го покажа своето извајано тело, а ние дознавме какви тренинзи практикува.
Поранешната прва дама на Франција, Карла Бруни, се појави на модната писта за “Victoria’s Secret” – и тоа на 56-годишна возраст. Таа блесна и докажа дека годините се само бројка доколку се грижиме за себе.
Пред две години Карла за францускиот магазин „Madame Figaro“ изјави дека вложува неопислив напор да остане во форма. Таа откри дека вежба два часа дневно, комбинирајќи велосипед, пилатес и Barre тренинг. Barre тренингот е комбинација од балет, јога и пилатес, а целта е зајакнување на телото преку бавни, но контролирани движења.
Mirror пишуваше за тоа како Французинките остануваат слаби, а според книгата на Миреј Гилијано „Французинките не се здебелуваат“, тајната е во малите порции и самоконтролата и секако во домашната храна која е богата со хранливи материи.