Најбогатата членка на семејството Кардашијан, Кајли Џенер, сака да ја истакнува својата фигура во класични комбинации, но никогаш не заборава да додаде допир на гламур во нејзината облека – оддавајќи почит на настанот на кој присуствува.
Дека нема грешка со црното – тоа добро го знаеме, а изгледа го знае и Кајли. Појавувајќи се на ревијата на дизајнерот Валентино во Париз, заедно со нејзината ќерка Сторми, таа им постави модна задача на сите останати гости.
Едноставен фустан кој го истакна секој сантиметар од нејзините облини на прв поглед изгледа како нешто што секој од нас би го облекол на black tie настан, но Кајли мудро избра проѕирно палто со детали од пердуви што го подигна целиот изглед на повисоко ниво. Црните очила, златните обетки и пуштената пунџа го задржаа шик допирот. Нејзината ќерка Сторми ја „копираше“, а таа сцена особено ги воодушеви папараците.
Можеме да заклучиме дека Кајли совршено балансирала помеѓу естетиката на „mob wife“ и гламурот што го бара црвениот тепих.