Квинси Џонс, музичар и продуцент кој важи за еден од најголемите гиганти во музичката индустрија, почина на 91-годишна возраст, јавуваат светските агенции.
Неговото огромно наследство се движи од продукција на историскиот албум „Трилер“ на Мајкл Џексон до пишување наградувани филмски и телевизиски партитури и соработка со Френк Синатра, Реј Чарлс и стотици други уметници.
Публицистот на Џонс Арнолд Робинсон вели дека починал во неделата вечерта во својот дом во Бел Ер, Лос Анџелес, опкружен со семејството.
„Вечерва, со полно, но скршено срце, мора да ја споделиме веста за смртта на нашиот татко и брат, Квинси Џонс“, напиша семејството во соопштението.
„Иако ова е неверојатна загуба за нашето семејство, ние го славиме големиот живот што тој го живееше и знаеме дека никогаш нема да има друг како него“, додаваат тие.
Џонс го продуцираше и снимањето на хуманитарниот сингл We Are The World од 1985 година, кој собра пари за жртвите од глад во Етиопија.