Кети Пери најави враќање на музичката сцена со објавување на шестиот студиски албум!

popara20 јуни, 20247min00
Art-5844-1900

Добри вести доаѓаат за сите обожаватели на пејачката Кети Пери, која по долга музичка пауза најави објавување на нов албум. Имено, пејачката по неколкумесечни гласини потврди дека со стил се враќа на музичката сцена – објавувајќи го шестиот студиски албум.

Кети Пери ја сподели веста со своите фанови преку својот Инстаграм профил. На 11 јули пејачката ја објавува новата песна наречена Woman’s World, а еден ден подоцна можеме да очекуваме и спот за песната. Тоа ќе биде нејзиниот прв сингл од нејзиниот претстоен албум кој обожавателите со нетрпение го очекуваат. Трејлерот за новиот сингл го сними британскиот фотограф Џек Бридгленд, а на него Кети Пери е облечена во бело бикини додека носи панталони кои личат на коњски нозе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATY PERRY (@katyperry)

Во друга објава на Инстаграм, пејачката даде sneak peak на песната што ги воодушеви нејзините следбеници на социјалната платформа. Песната зрачи со електро поп со заразен ритам. Ова е првпат Кети Пери да објави нова музика по четири години, а новиот албум треба да биде наследник на нејзиниот последен албум „Smile“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATY PERRY (@katyperry)

Пери навести дека подготвува нови музички задоволства уште во април во интервју за магазинот Access Hollywood. Гласините за нова музика и враќање на музичката сцена се засилија откако беше објавено дека пејачката повеќе нема да биде член на жирито на Американскиот идол.

Едвај чекаме да слушнеме што ни подготвува Кети Пери!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma