Кејти Пери под истрага: Снимала спот на заштитено подрачје на егзотичен остров

popara15 август, 20241min00
1723637526-Screenshot-2024-08-14-at-14-11-55-Katy-Perry-LIFETIMES-Official-Video-YouTube-750x441

Американската поп-ѕвезда е под истрага на полицијата поради можната еколошка штета што ја нанела додека го снимала спотот за песната „Lifetimes“ во заштитено подрачје на Балеарските Острови.

Кети Пери пред неколку дена објави нова песна, а спотот го снимила на ридовите на Еспалмадор, заштитеното подрачје на овој егзотичен остров.

Меѓутоа, за ваков тип на снимање, законот наложува обврска за однапред добивање дозвола, што продуцентската куќа на пејачката не го испочитувала, се вели во соопштението на Одделот за заштита на животната средина на Балеарските острови.

Оттаму додаваат дека овој вид на снимање не е кривично дело бидејќи „може да се одобрат“ по барање, но дека во моментов се утврдуваат евентуални штети во забранетата зона.

Во спотот за песната, Кејти времето го помина во оваа еколошки многу богата област, како и на Ибица. Инаку, за продукцијата беше задолжен д-р Лук, како и за нејзината претходна песна „Woman’s World“, објавена во јули, која предизвика претежно лоши реакции.

Овие песни ќе се најдат во новиот албум на пејачката „143“ кој треба да излезе кон крајот на септември.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag