Кејти Холмс одамна не изгледала вака секси! Со креацијата “Chanel” ја откри својата заводлива страна

popara9 февруари, 20244min00
Кејти Холмс

Со текот на годините, холивудската миленичка Кејти Холмс разви свој стил на облекување кој вклучува едноставни и класични парчиња во кои таа се чувствува удобно. Сепак, од време на време актерката не изненадува со похрабро и позаводливо модно издание. Ѕвездата на серијата ‘Dawson’s Creek’ присуствуваше на отворањето на продавницата за накит на “Chanel” на петтата авенија во Њујорк, а во таа прилика играше на картата на женственоста и сексипилноста. Згодната бринета блесна во креација од кашмир под која откри градник од тантела и со тоа ја откри својата заводлива страна.

Дека со право е позната како модна икона,убавата актерка тоа го потврди со неодамнешното издание во кое беше магнет за погледи на настан во Њујорк организиран од француската куќа “Chanel”.

Иако 45-годишната актерка најчесто имаме можност да ја видиме во предимензионирани кроеви и широки фармерки, овој пат таа се одлучи за малку посекси издание на “Chanel”.

Поранешната сопруга на Том Круз на кратко ги отфрли фармерките и посегна по панталоните со висок струк со шлиц на ногата, кои ги спои со стилски кардиган од кашмир со само црн градник од тантела под него.Споменатите креации се дело на францускиот моден гигант,а се парчиња од новата колекција.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🛶 (@dawsonscreek_world)

Кејти Холмс го заокружи секси изданието со црно-бели салонки D’Orsay,металик сребрена чанта, исто така потпишана од “Chanel”.Беспрекорниот изглед кој беше создаден за вечерно излегување го комплетираше со фризура со плетенка и црвен кармин.

 

.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag