Кејти Холмс, која со добра причина ја нарекуваат кралица на уличната мода, прошетала по улиците на Њујорк. Но овој пат добриот стајлинг падна во втор план поради модринки и отечено лице.
Откако беше забележана на улиците на Њујорк, сите се прашуваа само едно – што и се случило на Кејти Холмс? Имено, 45-годишната Кејти Холмс, која се прослави со улогата во серијата “Dawson’s Creek”, излезе без шминка со темна модринка под левото око и со видливи отоци на десната страна од лицето. Иако модрината и отокот беа многу видливи, дури и под визирот, причината за повредите на Кејт не е позната.
Уште една шик комбинација
Иако лицето и беше полно со модринки, Кејти не се откажа во изборот на друга во низата одлични комбинации. Овој пат изборот падна на белите панталони со широки ногавици, толку ласкаво и кул парче кое може да се носи цело лето. Комбинацијата ја заокружи со основна темна маичка со кратки ракави, а преку пуштената, видно влажна коса стави капа. И имаше незаменливи балетанки.
Големи промени
Инаку, ќерката на Кејт, 18-годишната Сури Круз, која ја имаше од бракот со актерот Том Круз, се подготвува да започне со факултет оваа есен на Универзитетот Карнеги Мелон во Питсбург, Пенсилванија. И додека нејзината ќерка чека ново поглавје од животот и животот далеку од дома, Кејти се сврте кон работа и ќе се приклучи на тимот на Poker Face.Актерката родена во Толедо, најпозната по улогата на Џои Потер од серијата “Dawson’s Creek”,, ќе гостува во втората сезона од серијата мистериозни убиства, заедно со Наташа Лион. Други гостински ѕвезди се Џанкарло Еспосито, Габи Хофман и Кумаил Нанџиани.