Кејт Мидлтон во совршен зимски комплет: Елегантната комбинација ја комплетираше детал кој ѝ припаѓал на принцезата Дијана

popara5 декември, 20241min00
107978_profimedia-0942791743_f

Принцезата Кејт Мидлтон уште еднаш не потсети на моќта на едноставноста и елеганцијата, совршено вклопувајќи ги трендовите на актуелната сезона во нејзината стилска изјава.

За време на државната посета на официјални лица од Катар, се одржа свечен прием на „Horse Guards Parade“ во Лондон, по што следеше свечена поворка со кочии до Бакингемската палата, каде гостите присуствуваа на традиционалниот пречек со кралска помпа и свечена стража.

Доминантна боја

За оваа посебна пригода, принцезата Кејт се одлучи за софистицирано издание во темно црвена боја, кое доминира во овогодинешните есенски и зимски трендови. Нејзината комбинација беше заснована на волнено фустан-палто со плисирани ревери, дискретен ремен кој го истакнуваше струкот и елегантни детали, како украсна машна на фасцинаторот.

Целиот изглед го заокружи со додатоци во бордо-кафена боја – кожени ракавици, ватирана Шанел чанта и чизми со блок-штикли.

Посебно внимание привлече и нејзиниот избор на накит: бисерен четирикратен чокер, некогаш дел од колекцијата на принцезата Дијана и висечки бисерни обетки, кои дополнително ја истакнаа класичната елеганција на нејзиниот стил.

Принцот Вилијам, во склад со настанот, избра традиционално класично издание – темносино палто преку бела кошула и вратоврска со мотив бордо точки, со безвременски црни чевли.

Овој настан имаше посебно значење, бидејќи ова е едно од ретките јавни појавувања на принцезата Кејт од крајот на нејзиното лекување во септември. Нејзиното враќање на кралските обврски, придружено со насмевка и непогрешлив стил, предизвика воодушевување кај присутните и дополнително го нагласи нејзиниот статус на модна икона, пренесува Elle.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag