Откако ја пропушти клучната проба за Trooping the Colour, Кејт Мидлтон напиша писмо до ирската гарда, која оваа година, по долгогодишна традиција, му ги претставува своите бои на кралот. Во него, меѓу другото, напишала: „Се надевам дека наскоро ќе можам да ве запознаам сите“.
Токму поради фактот што ќе ги пропушти сите важни настани во кои учествува ирската гарда, Кејт Мидлтон го прекина молкот на сред лекување од рак и напиша официјално писмо кое ирската гарда го објави на официјалниот X профил.
Во писмото, меѓу другото, Кејт на членовите на ирската гарда им посака многу среќа во нивните идни ангажмани, а на X е објавено и видео на кое полковникот го чита писмото од принцезата од Велс.
The Irish Guards were deeply touched to receive a letter from our Colonel, Her Royal Highness, The Princess of Wales this morning.
We continue to wish Her Royal Highness well in her recovery and send Her our very best wishes.
Quis Separabit@KensingtonRoyal @ArmyInLondon pic.twitter.com/y95rbmaeOS
— Irish Guards (@irish_guards) June 8, 2024
На хартијата со монограм, Кејт напиша: „Сакав да ви пишам затоа што сакам да знаете колку сум горда на целиот полк пред Colonel’s Review i Trooping the Colour. Ги ценам сите што оваа година вежбаа со месеци за Trooping the Color и посветија часови и часови за да ги направат своите вежби беспрекорни.
Да се биде ваш полковник продолжува да биде чест и многу ми е жал што не можам да ја поздравам овогодинешната полковничка ревија. Ве молиме пренесете го моето извинување до целиот полк, се надевам дека ќе можам повторно да ве претставувам многу наскоро. Ги испраќам моите најдобри желби и среќа на сите вклучени“.