Принцезата Шарлот, единствената ќерка на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, денеска слави роденден, а нејзината мајка на прекрасен начин ја овековечи нејзината насмевка.Принцезата Шарлот од Велс, ќерка на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, денеска го слави својот 9-ти роденден.
Како што обично налага традицијата во британското кралско семејство, на овој посебен ден се споделува нов кралски портрет на младите благородници, па на официјалниот профил на принцот и принцезата од Велс се појави фотографија од малата Шарлот.
– Среќен деветти роденден, принцеза Шарлот! Ви благодариме на сите за денешните љубезни пораки – се наведува во описот на портретот споделен на Инстаграм.
View this post on Instagram
Како автор на фотографијата е наведена нејзината мајка Кејт Мидлтон, принцезата од Велс и идна кралица, која негува страст за фотографија и со години е задолжена за кралските портрети.
Очигледно, сопругата на принцот Вилијам не ја одврати неодамнешниот скандал,кога таа ја презеде одговорноста за грешките во уредувањето на тогашната фотографија. И третото дете на парот – принцот Луис – неодамна го прослави својот роденден, а во оваа прилика Вилијам и Кејт споделија и фотографија на која таа е автор.
Да потсетиме дека Кејт Мидлтон на 22 март објави дека боледува од рак, по повеќе од два месеци мистерија за нејзината состојба.