Кејт Мидлтон со нова порака ги доведе сите до работ на солзи: Објава која ја расплака нацијата

popara27 јули, 20244min00
81925_63748-profimedia-0810931840-orig_f

Иако Кејт Мидлтон е посветена на своето здравје, принцезата од Велс се труди максимално да остане посветена на својата работа, како што пренесува La Vanguardia.

Така, таа во неколку наврати поддржуваше хуманитарни проекти во кои активно учествуваше до почетокот на оваа година.

Во 2021 година, таа го основаше Кралското здружение за рано детство, а сега е возбудена поради лансирањето на The Baby Bank Alliance, нова иницијатива која помага да се обезбедат материјали за семејствата во потреба преку меѓусебно поврзана мрежа на банки за бебиња низ целата земја.

По повод лансирањето, организацијата објави неколку фотографии од принцезата Кејт во посета на банките за бебиња, кои потоа беа објавени на официјалниот профил на Кејт и Вилијам. Со тоа Кејт на сите им стави до знаење колку и е важен овој проект.

Кејт Мидлтон, наводно, повторно ќе се повлече од јавноста на неодреден временски период за да може непречено да продолжи со лекувањето на ракот, според упатени во палатата. Принцезата од Велс накратко се врати во јавниот живот пред една и пол недела за да присуствува на машкото финале на Вимблдон – со нејзината ќерка принцезата Шарлот, каде што му го врачи победничкиот пехар на Карлос Алкараз.

Кејт првпат се врати на јавните должности во јуни, кога се појави на парадата Trooping the Color и зачекори на култниот балкон на Бакингемската палата со нејзиниот сопруг принцот Вилијам, нивните три деца, кралот Чарлс и кралицата Камила.

По појавувањето, Кејт на социјалните мрежи призна дека иако и е „добро“, „сеуште не е надвор од животна опасност“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag