На официјалниот Инстаграм профил беше споделена фотографија од принцот Вилијам направена пред неколку дена во Виндзор.
Кејт Мидлтон се појави на нова фотографија по речиси два месеци закрепнување од планираната операција на абдоменот во средината на јануари. Принцезата од Велс го прослави Денот на жената со нејзините три деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.
На официјалниот Инстаграм профил беше споделена фотографија од принцот Вилијам направена пред неколку дена во Виндзор. Тоа е првата официјална фотографија на Кејт објавена по нејзината абдоминална операција на 16 јануари, а на фотографијата се гледа насмеаната Кејт во прегратка со нејзините деца.
Заедно со фотографијата имаше и порака од принцезата Кејт во која се заблагодарува на јавноста за континуираната поддршка, а меѓу останатото го честиташе и Денот на жената.
View this post on Instagram
– Ви благодариме за добрите желби и континуираната поддршка во последните два месеци. На сите припаднички од понежниот пол им го честитам Денот на жената. – пишуваше во описот.
Објавувањето на фотографиите доаѓа само неколку дена откако принцезата Кејт беше видена како се вози со автомобил со нејзината мајка, Керол Мидлтон, во близина на нејзиниот дом во Виндзор за прв пат по операцијата. Тоа беше прво појавување на принцезата Кејт во јавноста од 25 декември.
На 17 јануари палатата откри дека претходниот ден била оперирана на абдоменот. Не е откриено кој бил проблемот што ја направил неопходна процедурата, но се знае дека не била канцерогена состојба.
View this post on Instagram
Принцезата Кејт помина 13 дена во лондонска клиника пред да замине дома за да продолжи да закрепнува. Палатата соопшти дека таа нема да се врати на јавните обврски барем до Велигден.
За време на операцијата, нејзината канцеларија во палатата Кенсингтон рече: „Принцезата од Велс го цени интересот што ќе го предизвика оваа изјава. Таа се надева дека јавноста ќе ја разбере нејзината желба да одржи што е можно повеќе нормалност за нејзините деца; и нејзината желба за нејзините лични медицински информации да останат приватни. Затоа, Кенсингтонската палата ќе обезбедува ажурирања за напредокот на Нејзиното кралско височество само кога ќе има нови значајни информации за споделување“.
Извор од палатата неодамна изјави дека на Кејт е добро и се опоравува од операцијата.