Кивањето не е наивно: Што се случува во телото кога киваме?

popara29 јуни, 20241min00
Screenshot_14

Дали сте размислувале што се случува во текот на кивањето?

 

 

 

 

Сите спонтано ги затвораме очите, киваме во континуитет и се обидуваме тоа да го спречиме, не размислуваме што кивањето предизвикува, каде одат бактериите. Занимавајќи се со овој феномен, научниците дале одредени објаснувања.

 

-Киваме бидејќи на нашите ноздри понекогаш им е потребно „ресетирање“ како кај компјутерот. Питисокот што поминува низ носната шуплина во текот на кивањето ги исфрла сите лоши честички насобрани во текот на дишењето. Кивањето е предизвикано од биохемиски сигнал што го испраќаат микроскопските влакненца сместени во носот.

 

-Бактеријата исфрлена со кивање се движи со брзина од 160 километри на сат. Скоро никој од опкружувањето не може да ѝ избега, бидејќи стигнува на оддалеченост и до 10 метри.

 

-Затворањето на очите е принуден рефлекс што не може да се контролира. Всушност, непосредно пред кивањето, мозокот испраќа порака дека треба да ги затвориме очите.

 

-Во моментот на кивање, дури и срцето работи побавно неколку секунди. Намалената работа на срцето настанува поради длабокото вдишување пред кивањето, но и поради стимулацијата на нервите за време на кивањето.

 

-Кивањето никогаш не треба да се задржуваили да се инсистира на тивко кивање, бидејќи може да дојде до пукање на капиларите во очите, како и проблеми со дијафрагмата. Од друга страна, на нагонот на кивање може да се влијае – доволно е да го почешате носот, да ја притисните со прстите кожата над горните усни и силно да издишете низ нос.

 

-Причинителите на кивањето се многубројни: сончева светлина, хартија, студен воздух, бибер, алергии… Интересно е тоа што некои истражувања покажале дека секоја четврта личност кива во моментот кога ќе го погледне сонцето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma