Најбогатата светска старлета Ким Кардашијан најмногу се коментира поради нејзиниот моден избор и скапите парчиња кои се гледаат на неа.Познато е дека Ким има неколку чанти од брендот Hermes, кој важи за еден од најлуксузните.
Сега старлетата решила да продаде една од чантите на овој бренд на нејзиниот сајт „Kardashijan Closet“.
Чантата се продава по неверојатна цена од 70.000 долари, а спаѓа во ретка серија и е направена од кожа од алигатор. На самиот почеток на описот се наведува дека чантата е во „добра состојба“, но понатаму се посочува дека „има промена на бојата на рачките и аглите, како и мали гребнатини на металот“ .
Во огласот се наведува и дека чантата нема сертификат CITES – документ кој е неопходен доколку планирате да патувате со чанта или модни додатоци направени од кожа на егзотично животно,што вклучува и алигатор.
Продажбата на оваа чанта предизвика лавина негативни коментари, а ова се само неколку:
„Сериозно, колку е очајна за пари?“, „Ова е срамота. Зошто не ја носи во Hermes да ja обноват и потоа да ја продаде?“, „70.000 за валкана торба, овие луѓе навистина немаат срам. “, “Дамките се со боја со спреј. Леле. Секој што ќе го купи ова е идиот. Дали е ова дури и вистински оригинал?”, “Ова е толку валкано. Не знам кој е доволно луд да ги потроши овие пари за извалкана, половна чанта“.