Кино на првиот состанок? Размислете повторно, оваа опција можеби не е толку романтична како што изгледа

popara22 јуни, 20241min00
Screenshot_8

Погледнете ги негативните страни на оваа прва средба

 

 

Кога одлучувате каде да излезете за прв пат со личноста што сакате да ја запознаете, еден од најчестите избори е одењето во кино. Претежно првите состаноци се осудени на непријатности, на повремен молк или некои други ситуации кои не се баш идеални. Затоа е многу важно кое место ќе го изберете. Киното на прв поглед изгледа како многу романтична опција, но сепак има многу негативни страни на таквата средба.

 

Тешко е да се поврзете со некого и да го запознаете ако седите во кино додека трае филмот. Исто така, многу е тешко да се избере филм кој е соодветен. Мора да му се допадне и на потенцијалниот партнер и вам, а доколку не се согласувате околу впечатоците, може да дојде до дискусија која секако не е соодветна на првиот состанок.

 

Ако има некои аспекти од вашата личност кои не ви се допаѓаат и не сакате да бидат во преден план кога ќе запознаете некого, киното може многу да ви помогне. Да речеме дека мислите дека сте премногу емотивни, а се одлучувате се за филм кој е шокантен или кај вас буди многу емоции, тие ќе излезат на виделина. Можеби ќе ви се случи да уживате во филмот, но тоа не значи дека уживате во личноста која го гледа филмот со вас. Исто така, ако одите некаде со таа личност пред кино и не ви се допаѓа, ќе останете заглавени со неа уште два часа.

 

Со оглед на сите овие проблеми што може да ги предизвика киното, можеби е подобро да одите на кафе или вечера на првиот состанок, а киното да го зачувате за вториот или третиот, кога малку подобро ќе се запознаете и процените со кој филм и двајцата би уживале.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag