Американскиот актер Кијану Ривс го имаше своето професионално деби на автомобилски трки во саботата на познатата авто-мото патека во Индијанаполис во Соединетите Американски Држави.
Ѕвездата на Матрикс накратко ја напушти патеката на средината на 45-минутната трка во Индијанаполис Мотор Спидвеј.
Успешно избегна несреќа во првиот круг во свиокот 14. Тој се врати на патеката и продолжи да вози, сигнализирајќи дека е неповреден и заврши на 25-то место, пренесува Асошиејтед прес.
Ривс има втора трка закажана за денеска.
Холивудскиот актер има претходно тркачко искуство како поранешен учесник на трката за славните Гран При на Тојота на патеката Лонг Бич. Ривс победи на натпреварот во 2009 година.