Холивудскиот актер Кијану Ривс откри што земал од филмските сетови на кои работел, вклучувајќи го и познатиот Матрикс.
Во првиот дел од трилогијата, на ликот на Ривс, Нео, му биле понудени две таблети – црвена и сина. Публиката знае која ја одбра ликот, но помалку е познато дека Ривс „украл“ една таблета.
Минатата година корисниците на Редит можеа да го прашаат познатиот актер се што ќе посакаат. Едно од прашањата беше „Дали некогаш сте украле нешто од филмски сет?
Ривс тогаш откри дека нема да каже дека крадел, туку дека „зел“ одредени работи, не само од еден сет, туку од три.
„Ги зедов часовникот и венчалниот прстен на Џон Вик, мечот од сетот 47 Ронин и црвената пилула од Матрикс што ми ја подарија режисерите Лана и Лили Вачовски“, изјави Ривс.