Кијану Ривс: Јас сум млад старец и постојано размислувам за смртта

popara25 јули, 20241min00
Los,Angeles,-,May,15:,Keanu,Reeves,Arrives,For,The

Американскиот актер Кијану Ривс пред објавувањето на својот прв роман „The Book of Elsewhere“ вели дека е добро да се размислува за крајноста на животот и призна дека често размислува за смртта.

Во интервју за Би-Би-Си, американскиот актер Кијану Ривс рече дека размислувањето за конечноста на животот не прави благодарни што сме живи.

„Имам 59 години, па постојано мислам на смртта“, откри Ривс.

Кога новинарот истакнал дека е уште многу млад, актерот вели дека се чувствува како млад старец, пренесува rts.rs.

„Добро е да се размислува за смртта и конечноста. Тоа предизвикува да бидеме благодарни за фактот што продолжуваме да дишеме воздух и за врските што имаме потенцијал да ги имаме“, изјави холивудскиот актер.

Ривс го пишува романот во соработка со познатата британска писателка на научна фантастика Чајна Мјевила, а делото ќе следи еден бесмртен воин кој сака да му биде дозволено да умре.

„Верувам дека смртта е нешто за што треба да се размислува со голема почит. Можете да имате роман со забавни, експлозивни делови, а во исто време да зборувате за смртта и како таа не прави луѓе“, изјави Мјевил.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag