Лорен Санчез на својот вереник Џеф Безос му приреди гламурозна забава за неговиот 60-ти роденден.
На роденденската забава на Џеф Безос гостите ги пречека одлична забава и интересна гастрономска понуда, а фотографирањето беше забрането.
Целата прослава беше со тема „Небесно вселенско доба“, инспирирана од воздухопловната компанија на Безос „Blue Origin“.
Свршеницата на Безос, Лорен Санчез, вложила посебен напор да го дизајнира 60-тиот роденден на нејзиниот иден сопруг, па направила реплика на првата канцеларија на Безос во компанијата „Амазон“. Во таа канцеларија го поставила дури и првото столче на кое седна Безос.
Забавата се одржа во замокот на Безос во Беверли Хилс, а на листата на гости се најдоа многу познати имиња, меѓу кои Опра Винфри, Ким Кардашијан, Бил Гејтс, Кендал Џенер, Хејли Бибер, Џеј Зи и Бијонсе, Кети Пери и Орландо Блум.
Понудата за храна на роденденската прослава беше разновидна, па секој можеше да најде нешто за себе. Менито вклучуваше скап кавијар и евтина брза храна од Мекдоналдс.
View this post on Instagram
Фотографија од забавата објави и Лорен Санчез. Облече атрактивен црвен тесен фустан со светки, а до израз дојде нејзиното бујно деколте.