Кога сте во трка со времето,направете тестенини со пармезан и брокула

popara9 јануари, 20241min00
Пене тестенини со брокула

Ова јадење брзо се подготвува и е толку вкусно и сочно што сите ќе помислат дека сте поминале часови во кујната. Кога ви се брза, пробајте го овој рецепт, нема да се разочарате.Состојки:

-120 гр пене тестенини

-сол

-свежо мелен црн пипер,

-1 и ½ шолја свежа или замрзната брокула

-80 гр крем сирење

-1 лажица путер

-15 гр свежо рендан пармезан + дополнително за сервирање

storyeditor/2024-01-08/dreamstime_l_27697990.jpg

Подготовка:
Сварете ги тестенините, но варете ги 2 минути помалку од упатството на пакувањето. Процедете ги, покријте ги и чувајте ги топли, резервирајќи барем една шолја од водата за готвење на тестенините. Сварете ја брокулата и исцедете ја. Повторно ставете го тенџерето на оган, истурете од зачуваната  вода 2/3 чаши од варењето на тестенините, додадете го крем сирењето и путерот. Гответе со постојано мешање додека не добиете мазна, еднолична смеса која треба да почне да врие. Тргнете го сосот од оган, додадете рендан пармезан,тестенини и брокула. Додадете повеќе вода за готвење сосот не треба да биде премногу тенок, но не и премногу густ. Послужете со малку повеќе рендан пармезан и свежо мелен пипер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag