Каснувањето од комарец може да биде многу непријатно и да чеша. Чешањето е често неподносливо и предизвикува силно црвенило. Меѓутоа, за што полесно да се справите со убодот од комарец, еве неколку трикови.
Имунологот д-р Пајел Гупта предупредува дека ништо не добивате со гребење, туку само го зголемувате ризикот од инфекција. Тој сугерира дека ефикасно средство во борбата против убодот од комарец е алкохолот кој треба да го триеме на местото на каснувањето. Дополнително, докторот советува дека коцката мраз е многу ефикасна бидејќи го намалува воспалението и чешањето.
Тој исто така истакнува дека кремите против чешање се многу ефикасни, бидејќи ги намалуваат иритациите и воспалението, но дека алкохолот е далеку поефикасен. Ќе ја излади кожата и ќе ја омекне, но обидете се да не претерате за да не ја иритирате и исушите кожата.
„Можете да го измиете и местото на убодот со ладна вода и сапун за да го ублажите чешањето“, заклучи доктор Гупта.