Често безгрижно фрламе некои работи од дома за кои не ни знаеме колку се корисни. Меѓу нив е и кората од портокал, односно прашок кој се добива со дробење дехидрирани лушпи, што е важна состојка во производите за нега на кожата.
Важно е да знаете дека кората од портокал содржи многу витамин Ц, но и повеќе влакна, калциум и витамин А во споредба со другите овошја. Богата е со различни растителни соединенија кои имаат антиоксидантни и антиинфламаторни својства. Ефикасно и нежно ја чисти кожата, а бидејќи има моќ да ги намалува порите и да го контролира маслото, се покажа како особено корисна за луѓето со мрсна кожа бидејќи го „отстранува“ вишокот на себум.
Покрај тоа, правот од кора од портокал е одлична за природен пилинг, бидејќи има малку зрнеста текстура. Може да помогне да ги отпушти и прочисти порите, правејќи ја површината на кожата помазна, пренесува магазинот City.
Прашокот од кора од портокал, полн со витамин Ц, е одлично средство против пигментацијата.
Се користи и како благо средство за белење. Со редовна употреба ќе ги осветлите сите траги од пигментација, флеки и лузни од акни. Го контролира себумот, односно неговото производство на кожата, со што се намалува можноста за појава на акни и митесери. Затоа, станува незаменлива состојка во рутината за нега на секој човек со мрсна кожа.
Прашокот од кора од портокал има и својства против стареење. Содржи хемиски соединенија (лимонен, линалол, цитронелол…) кои му даваат антиоксидантни својства, што го прави одличен агент за забавување и спречување на стареењето.
Покрај тоа, ја подобрува циркулацијата на крвта и го зголемува производството на колаген, давајќи ѝ на кожата младешки изглед и сјај.
Затоа, следниот пат кога ќе сакате да фрлите кора од портокал, особено непрскана или нетретирана, запомнете за што може да се користи и зошто заслужува важно место во вашата секојдневна рутина.