Потребно е:
100 гр маргарин
200 гр шеќер
100 гр чоколадо
2 dl вода
100 гр кокос
250 гр мелени бисквити
300 гр крем од лешник
Напомена: Ќе добиете околу 50 топчиња од наведената количина.
Подготовка:
Во тенџере на тивок оган растопете ги маргаринот, водата, шеќерот и чоколадото. Тргнете од оган и додадете мелени бисквити и кокос и соединете. Оставете да се излади и да се стегне, па со раце формирајте топчиња и валкајте ги во кокос. Направете вдлабнатина во топчето со прст и наполнете со крем од лешник. Добар апетит!