КОЛАЧ СО ПЕЧЕНИ ЈАБОЛКА: Превкусен десерт кој ќе ве освежи

popara21 мај, 20241min00
edbc0c4237c082ee30100c048c3741e2a002b16c

Од кујната на баба доаѓа рецепт за печен колач со јаболка кој ќе ви се допадне.

Состојки:

2 јаболка
коцка путер или малку масло
малку цимет
1 лажица мед
3 јајца
100 гр шеќер
180 гр брашно
1 прашок за пециво
200 мл јогурт
100 мл масло
100 гр суво грозје

Подготовка:

Во тавче растопете путер, а потоа додадете ги исечканите јаболка и измешајте.

Додадете малку цимет и мед и повторно измешајте.

Покријте и динстајте 5-6 минути за малку да омекне. Јајцата се матат со шеќер, се додава брашното со прашокот за пециво, се додава јогуртот, маслото, сувото грозје и се се меша.

Плехот премачкајте го со масло и посипете со брашно и истурете половина од тестото. Распоредете половина од печените јаболка, па остатокот од тестото.

Додадете ги останатите јаболка, протресете и печете на 200 степени C 40-45 минути додека убаво порумени.

Оставете да се излади, па посипете со шеќер во прав или можете да декорирате со шлаг. Уживајте во сочноста на оваа прекрасна и едноставна торта.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag