
Познатиот ирски актер Колин Фарел е главната ѕвезда на новата криминална серија „Sugar“ која на стриминг платформата Apple TV+ ќе пристигне на 5 април. Во него тој ја игра главната улога – приватниот истражител Џон Шугар, а првиот трејлер беше објавен деновиве.
Овој пат Фарел го гледаме во улога на американски приватен истражител по мистериозното исчезнување на Оливија Сигел, саканата внука на легендарниот холивудски продуцент Џонатан Сигел.
Додека Шугар се обидува да открие што се случило со Оливија, таа ќе открие и застрашувачки тајни за семејството Сигел кои никогаш не требало да се откријат и може да ја нарушат нивната гламурозна репутација во Холивуд. Сепак, самиот Шугар има тајни од минатото, па во серијата ќе имаме можност да видиме како главниот лик се бори со своите демони.
Заедно со Колин, Џејмс Кромвел ја игра улогата на Џонатан Сигел во серијата. Американскиот актер остана запаметен по улогата на принцот Филип – сопругот на кралицата Елизабета Втора во биографскиот филм „The Queen“. Кромвел глумеше и во филмовите „L.A. Confidential“, „Babe“, „Babe: Pig in the City“, „The Green Mile“… Во актерската екипа се и Кирби Хауел-Баптист, Ејми Рајан, Денис Буцикарис и Алекс Хернандез. Серијата има осум епизоди, првата ќе се емитува на 5 април, а нови епизоди ќе излегуваат секој петок.