Колин Фарел откри која улога му била најголем предизвик

popara20 август, 20241min00
Photo Call For Apple TV+'s "Sugar"

Ирскиот актер Колин Фарел отелотвори бројни ликови во својата кариера, но една улога беше најпредизвикувачка за него. Тој призна дека подготовката за улогата на војсководецот и император Александар Македонски во филмот Александар, во режија на Оливер Стоун од 2004 година, била вистински предизвик.

Како што објави магазинот Far Out, Фарел еднаш откри во интервју за Би-Би-Си дека неговата улога во Александар се покажала како најпредизвикувачка во однос на подготовката и работата со други ликови.

Овој филм доби многу критики кога излезе, а Фарел призна дека се чувствувал како лош актер по лошиот резултат на филмот, пренесува Индекс.

„Тоа беше најголемиот предизвик во мојот живот. Сакам предизвици. Мислам дека удобноста е најголемиот непријател на актерот затоа што лесен начин е секогаш достапен, но се надевам дека никогаш нема да го прифатам. Ми се допаѓа што Александар беше човек со визија и ништо не му застана на патот да ја постигне“, рече Фарел и додаде:

„Не мислам дека таа визија се засновала само на алчност и желба за поседување. Бил страстен. Сите ние треба да имаме страст во животот. Тој бил човек кој на крајот за малку ќе се удавел во таа страст и во она што таа страст го создаде“, изјави Фарел.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag