Кога станува збор за јајцата, нутриционистите имаат поделени мислења. Многумина советуваат да јадеме по две јајца секој ден, а други велат дека треба да ги консумираме умерено и не толку често.
Ако јадете две до три јајца секој ден, вашето тело ќе добие доволно количество витамини, кои се најважните градежни блокови на нашиот мозок.
Пилешките јајца се богати со лутеин, супстанца одговорна за јасен и добар вид. Биотин, витамин Б12 и протеини кои го подобруваат варењето придонесуваат за зајакнување на косата и кожата. Фосфолипидите кои се наоѓаат во пилешките јајца помагаат да се елиминираат токсините од црниот дроб.
Меѓутоа, што ќе се случи ако претераме со јајцата? Поголемиот внес од предвидениот може да го зголеми холестеролот. ЛДЛ холестеролот, попознат како лош холестерол, се пренесува од црниот дроб до артериите и телесните ткива. Истражувачите велат дека ова може да доведе до акумулација на холестерол во крвните садови и зголемен ризик од кардиоваскуларни болести.
Жолчките содржат големи количини на холестерол, според американското Министерство за земјоделство, има околу 185 милиграми холестерол во едно големо јајце, што е повеќе од половина од препорачаниот внес.
Светската здравствена организација предлага вкупно 300 милиграми дневно. За тоа често зборуваа балканските нутриционисти, кои истакнаа дека велигденските јајца треба да се чуваат во фрижидер до седум дена, додека испуканото јајце може да се чува пет дена.
На жените им се советува да јадат по две јајца дневно, додека на мажите три јајца.